Search

На Кипар регистриран 21 нов случај на Ковид-19, претседателот вечерва ќе им се обрати на граѓаните

 – Министерството за здравство на Кипар попладнево соопшти дека е потврден 21 нов случај на Ковид-19 во земјата, со што бројот на заразени лица се зголеми на 116, јави дописничката на МИА од Атина

Од новите случаи, 12 лица се контакти на веќе потврдени заразени лица, три се поврзани со случајот во општата болница во Пафос, додека шест други се лица вратени од европските земји.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, вечерва ќе им се обрати на граѓаните, а според кипарските медиуми, веројатно е да соопшти нови, поригорозни мерки за да се спречи дополнително ширење на новиот коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави