Search

Макрон и Си сакаат вонреден самит на Г20 за коронавирусот

– Францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот Си Џинпинг денеска телефонски  се согласија за одржување вонреден самит на Г20 за здравствените и економските аспекти од кризата со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Двајцата претседатели се согласија дека одржувањето на ваков самит ќе биде корисно, особено на здравствен план, со вклучување на СЗО, за да работат заедно на третмани и вакцини и на економски план (стабилизација на светската економија преку координирани буџетски и монетарни мерки, поддршка за најранливите држави) , посочи француското претседателство.

Треба да знаете
Последни објави