Search

Израелскиот Парламент заседава по судска наредба

– Израелскиот Парламент денеска повторно заседава откако Врховниот суд му нареди да избере нов претседател по парламентарните избори на 2 март.
Претседателот на Собранието Јули Еделштајн, од конзервативната партија Ликуд на Бенјамин Нетанјаху, ги прекина активностите на Парламентот минатата недела, повикувајќи се на процедурални прашања и ограничувања на големи собири поради спречување на ширењето на коронавирусот.

Опозициската сојуз „Сино и бело” на ривалот на Нетанјаху, Бени Ганц, кој има тесно мнозинство во новоизбраниот парламент, Кнесет, смета дека пратениците мора да продолжат да работат и во време на криза.

Сојузот го обвини Еделштајн дека ги затворил собраниските сали за да остане на функција и да го заштити својот партиски лидер.

– Демократијата и законот во Израел ќе бидат заштитени дури и ако тоа не му одговара на некого, рече Ганц во речиси празната собраниска сала.

Се очекува Сојузот да го избере новиот претседател и да го искористи своето парламентарно мнозинство за носење закони со кои ќе биде оневозможено Нетанјаху да биде премиер.

Израел строго ги ограничи јавните собири поради опасноста од вирусот Ковид-19.

Сепак, пратениците започнаа со работа за формирање клучен комитет за следење на владините активности. Тие планираат да гласаат во групи во 20 наврати.

Вечерва повторно имаше демонстрации во Ерусалим против претседателот на Кнесесет и затворањето на Парламентот, што демонстрантите го сметаат за закана за демократијата. 

Треба да знаете
Последни објави