Search

Мета: Нашите мисли се со хрватскиот народ

Албанскиот претседател Илир Мета, во врска со земјотресот што ја погоди Хрватска, преку објава на Фејсбук оценува дека ова е многу тежок момент за Хрватска, бидејќи во исто време се соочува и со пандемија од коронавирусот.

Додава дека мислите на албанскиот сега се со прјателскиот хрватски народ и посака брзо заздравување на повредените во земјотресот во Загреб.

„Нашите мисли се со хрватскиот пријателски народ, посебно со оние погодени од земјотресот и нивните семејства, на кои им посакуваме брзо закрепнување! Во овие многу тешки моменти за пријателска Хрватска, која се соочува и со пандемијата Ковид -19 ја изразувам целата наша солидарност и поддршка”, напиша Мета.

Во име на владејачката Социјалистичка партија реагираше координаторот на пратеничката група Таулант Бала.

Постирајќи фотографија каде се гледааат штетите од земјотресот, Бала искажува солидарост со хрватскиот народ.

„Силен земјотрес ја погоди Хрватска. Солидарност со братскиот хрватски народ”,напиша Бала.

Треба да знаете
Последни објави