ЈП Комунална хигиена-Скопје започна машинско миење на пет улици во Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава започна акција за машинско миење со автоцистерни на поголемите булевари и улици во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.

Екипите на Претпријатието денеска ќе извршат и дезинфекција на плоштадот Македонија, Камениот мост, улицата Македонија, плоштадот Филип Втори и Старата скопска чаршија.

Во текот на утрешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ги продолжи активностите за машинско миење со автоцистерни во општините Шуто Оризари, Бутел, Ѓорче Петров и Сарај.

Треба да знаете
Последни објави