Search

Битката со коронавирусот не ја доби поранешниот претседател на Реал Мадрид

Најтрофејниот клуб во историјата на фудбалската Лигата на шампионите, шпанскиот Реал Мадрид кој има освоено 13 титули, од вечерва е во тага по веста за смртта на својот поранешен претседател Лоренцо Санц. Како последица од коронавирусот вечерва во 76. година од животот почина  Санс во болницата во Мадрид.

Поранешниот прв човек на Реал Мадрид кој го предводеше трофејниот тим во периодот од 1995 до 2000 година, и под негово водство „кралевите“ ја освоија седмата и осмата титула европски првак, осум дена беше хоспитализиран во болница каде не успеа да ја добие најважната битка. Вечерва на социјалните мрежи, неговиот син, исто така поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо ја објави тажната вест.

Треба да знаете
Последни објави