Скопјанец со девојката со комби шверцувале 25 мигранти

На 20.03.2020 во 01.00 часот кај с.Преод, Свети Николе, од полициски службеници било сопрено патничко возило „опел виваро“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(24) од Скопје, во кое сопатничка била М.И.(20) од Скопје.

При извршениот преглед пронајдени биле 25 мигранти од Авганистан и Пакистан. Сите биле приведени и предадени на полициски службеници во Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави