Салах со донација од еден милион евра ќе ја помага борбата против коронавирусот во Египет

Египетската суперѕвезда од Ливерпул, Мохамед Салах, многупати ја покажал својата големина како човек со големи донации во татковината, а во екот на пандемијата со коронавирус повторно одвои сериозна сума на пари.

Според информациите Салах на Египет му донирал еден милион фунти за борба против коронавирусот, поради кој запре нормалниот живот во светот. Во Египет има скоро 200 заразени, но нема ниту една жртва од новиот вирус.

„Ова е дело на голем Египќанец, човек кој едноставно е еден од најголемите симболи на египетскиот спорт вооопшто“, со воодушевување објавил министерот за спорт, Халед Абдулазис.

Салах во изминативе години многу често донираше сериозни суми на пари во хуманитарни цели, а во својот роден град изгради водовод, канализација, училиште…

 

Треба да знаете
Последни објави