Охрижанец ограбил црква, пет куќи и продавница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Н.(33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела ,,тешка кражба“ и ,,кражба“.

Во период од 24.01.2020 до 13.02.2020, пријавениот кривичните дела „тешки кражби“ ги извршил на подрачјето на Охрид и околината во неколку куќи, црква и продажен објект, така што насилно влегувал и одземал пари и златен накит, додека кривичното дело „кражба“ било извршено во куќа на ул.,,В.Николоски“, каде пријавениот одзел златен накит.

Треба да знаете
Последни објави