Search

Јовиќ може да добие затворска казна од три месеци до три години за прошетките низ Белград

Фудбалерот на шпанскиот Реал Мадрид, Лука Јовиќ откако избегал од клупскиот карантин дошол во Белград на забава. И покрај вонредната состојба кај северниот сосед Јовиќ слободно шетал надвор и посетувал кафулиња. Ваквиот негов неодговорен однос кон заштитните мерки за справување со епидемијата предизвикана од коронавирусот ги разлути луѓето кај нашиот северен сосед.

За овој непромислен потег младиот напаѓач на „кралевите“ може да заработи и затворска казна, пишуваат тамошните медиуми .

-Јовиќ е дојден од држава која е жариште на заразата и поради тоа тој мора да биде во самоизолација. Очигледно е дека не ја разбира добро целата ситуацијата и колку е работата  сериозна. Ако органите на редот го затечат надвор од неговиот дом, прво ќе го легитимираат, а потоа во најмала рака ќе го спроведат во неговата куќа или стан. Со оглед на тоа дека во земјата на сила е вонредна состојба, поради непочитување на задолжителна самоизолација можна е и затворска казна од три месеци до три години, појаснуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави