Стојановски: Да се ограничи непотребното движење на постарите од 65 години кои се со висок ризик

Интегрален текст од видео обраќање на д-р. Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Прогресијата на ширење на корона вирусот добива на интензитет, но сите заедно можеме да влијаеме на намалување на бројот на новозаразени и степенот на ризик. Затоа потребни е превземање на сет дополнителни итни мерки.

Матичните лекари да добијат јасни и унифицирани насоки на делување.

Да прегледуваат само итни случаи и хронично болни пациенти со висок ризик.

Сите лекари да се стават во функција на здравствениот систем и да се достапни за болниците и инфективните одделенија.

Да се обезбеди адекватна заштитна опрема за целиот здравствен персонал што ќе биде на првата линија на удар и ќе биде изложен на највисок ризик.

Да се активираат пензионираните лекари, специјализантите и студентите по медицина.

Во секој град да се обезбеди и прецизно да се дефинира објект или простор за задолжителен карантин.

Да се само изолираат и да се ограничи непотребното движење на сите лица постари од 65 години кои се со висок ризик, за да се зачува нивното здравје.

Сите констуктивни предлози и совети ќе бидат достапни преку нашата комисија за здравство.

Да се однесуваме дисциплинирано, смирено, одговорно и совесно.  Затоа што секој живот вреди.Од сите нас зависи!

 

 

Треба да знаете
Последни објави