Search

Ролан Гарос закажан за крајот на Септември

Вториот годинашен гран-слем турнир, француското отворено првенство „Ролан Гарос“ е одложен за септември поради пандемијата од коронавирусот.

„Ролан Гарос“ требаше да се одржи од 24 мај до 7 јуни, но ќе се игра помеѓу 20 септември и 4 октомври поради пандемијата на коронавирусот.

Тоа значи дека турнирот ќе почне само една недела по завршувањето на гран-слемот САД опен во Њујорк, доколку и тој не биде преместен.

Француската тениска федерација соопшти дека овој потег е направен „за да се гарантираат здравјето и безбедноста на сите што се вклучени во подготовките на турнирот“.

Треба да знаете
Последни објави