Коронавирус: Откриени се нови симптоми на заболувањето

Професорот Хендрик Штрек, раководител на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника во Бон, открил нови симптоми на заразата со Ковид-19, но претпоставува дека тие се случуваат во напредната фаза од болеста, објави „Дојчевеле.мк

Неколкудневно губење на чувството за мирис и вкус е констатирано кај дел од пациентите во Германија кои биле заразени со новиот коронавирус, вели професорот Штрек, кој тестирал најголем број пациенти заразени од коронавирусот во Германија. Засега, не може со точност да се утврди кога се манифестираат тие симптоми.

Треба да знаете
Последни објави