Камион прегазил малолетник кај „Систина“

На 18.03.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на булeвар 8 Септември, во близина на мостот на река Вардар, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(38) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница „Систина“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави