Дескоска: Наша заложба е ограничувањата да бидат само во нужни околности

Поминавме една ноќ во вонредна состојба. Она што е различно е можноста Владата да носи уредби со законска сила. Никој веќе нема дилеми дека настапија околности од чл 125 од Уставот за прогласување вонредна состојба, која има важност најмногу 30 дена. Ако ситуацијата се смири, таа ќе биде прекината, ако продолжи пандемијата, ќе има продолжување, изјави на денешната прес конференција министрката за правда, Рената Дескоска.

-Самото прогласување на вонредна состојба не значи органичување на човековите права, но исто така сакам да укажам дека има уставна можност за ограничување на слободите и правата на човекот доколку има таква потреба. Граѓаните треба да знаат дека ниедно ограничување не смее да би биде дискриминаторско. Во услови на вонредна состојба, ограничувањето не смее да се однесува ни на правото на живот, на мачење, на правна одреденост на казните, уверување, совест, мисла, јавно изразување мисла и вероисповед. Наша заложба е ограничувањата да бидат само во нужни околности. Затоа апелирам сите доброволно и совесно да ги почитуваме мерките на Министерството за здравство и на владата, за да нема построги ограничувања. Сакам да потенцирам дека самото прогласување вонредна состојба не значи забрана на движење, полициски час или затворање продавници. Важат мерките кои до сега се донесени од Владата. Практично, исто е како пред воведување вонредна состојба, само што сега Владата има поголеми надлежности – посочи Дескоска.

Носењето одлука за вонредна состојба, според неа, е за поефикасно регулирање одредени прашања, за справување ефикасно со епидемијата и за заштита на јавното здравје, да се помогне во економијата, стопанството, земјоделството, секаде каде што има потреба.

Дескоска рече дека мерките на Владата важат за сите институции, вклучувајќи ги и судовите и апелираше сите судови да ги почитуваат сите препораки. Таа појасни дека сите закони можат да се изменат со Уредбите со законска сила.

-Сите закони можат да се изменат со Уредбите за законска сила. За областите во кои се подготвуваат уредби и една во Министерството за правда е Законот за облигациони односи да се намалат казнените камати и тоа е една од првите уредби. Има некои и од КЗ”, појасни Дескоска.

Таа посочи дека за застарување на судските предмети и за да не се земе предвид овој период кој тече, а се однесува на вонредната состојба ќе се прави проценка и консултации со претседателите на судовите.

-Тоа ќе се направи во консултација со претседателите на судовите, односно ако се затворат судовите, тогаш да се донесе уредба дека рокот престанува да тече. До сега не е дојдено до таму. Можност стои и да се запре течењето на роковите на застарување на предметите, појасни Дескоска

Треба да знаете
Последни објави