Search

(Видео) Воени камиони во конвој ги транспортираат мртвите од Бергамо

На социјалните мрежи се раширија снимки од десетина воени камиони во Италија што ги превезуваат ковчезите во неколку крематориуми во северниот дел на најпогодената европска земја. Италија е најтешко погодената земја со заразата на коронавирусот по Кина. До денеска утрово во Италија починаа 2.978 луѓе. Голем дел од нив во Бергамо, градот во кој е снимен воениот конвој.

Поради општиот карантин во Италија погребите се спроведуваат без церемонија. Најтешко е во Ломбардија, на северот на Италија. Целата ситуација ја објасни ЦФБ, најголемата компанија за организација на погреби во регионот. Воените камиони биле повикани на помош за превоз на починатите во други градови бидејќи синоќа во крематориумот во Бергамо повеќе немало место.

„Во нормален месец би имале 120 погреби. Сега цела генерација ни умре во две недели. Никогаш не сме виделе вакво нешто и ни се плаче поради тоа“, изјави Антонио Рикарди, претседателот на ЦФБ.

Во Бергамо вкупно има 80 погребни компании. Секоја од нив прима барем 12 повици на час.

Според податоците на Ројтерс, во светот вчера од коронавирусот биле заразени над 204.000 луѓе, додека бројот на умрени надмина 8.700.

Треба да знаете
Последни објави