За само два дена, 4.900 луѓе во Австрија ги загубија своите работни места поради вирусот

Пандемијата на коронавирусот има големи последици за австрискиот пазар на трудот и само во последните два дена се пријавени 49.000 нови невработени во Службата за вработување (АМС).

Од воведувањето ограничувања на слободата на движење, АМС доби 49.000 нови невработени, изјави за АПА, шефот на институцијата, Јоханес Копф.

Од нив 20.000 се од хотелскиот и угостителскиот сектор, 4.500 од градежништвото и 3.000 од секторот за изнајмување работна сила.

Во Австрија моментно има 399.359 невработени, според АМС.

Треба да знаете
Последни објави