Search

Трамп обезбеди поддршка од доволно делегати од републиканците пак да биде номиниран за претседател 

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја обезбеди  поддршката на доволен број делегати за да биде истакнат за кандидат на  Републиканската партија на претстојните претседателски избори во ноември. Ова го покажува преборјувањето на телевизијата Си-Ен-ЕН по вчерашните првични избори во државите Илиноис и Флорида.

Трамп очекувано победи и во двете држави и во моментов ја има поддршката на 1.301 делегат.

За номинирањето за кандидат од Републиканската партија на конгесот, што ќе се оддржи од 24 до 27 август во градот Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, неопходни му се гласовите на 1.276 од вкупно 2.441 делегати, делегирани како резултат на собранијата на партиските членови (кокуси) и првичните избори.

Претседателските избори во САД, 59-ти по ред, ќе  се оддржат на 3 ноември.

Треба да знаете
Последни објави