Search

(Видео) Црви и кучиња им прават друштво на музичарите во карантин, нови патници во Пепелиште нема

Деветмината битолчани, членови на оркестар кои се донесени во карантинот во касарната во Пепелиште во Криволак се жалат на условите во кои се сместени и каде теба да бидат во самоизолација во наредните две недели.

За 24 Инфо изјавија дека се уште се единствените „гости“ таму.

Тие допатуваа преку преминот Деве Баир, откако не им беше дозволен влз во Србија од Унгарија. Иако беше најавено дека 200 македонски државјани, кои заглавиле на српската граница ќе бидат пренесни во Пепелиште, тоа засега не е сторено.

Тие на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа од условите во касарната, од кои може да се види дека е прилично несредено.

Тие се свесни дека мора да останат во самоизолација, но бараат тоа да биде во похумани услови, а ако не, да бидат пуштени дома каде ќе се самоизолираат.

Треба да знаете
Последни објави