Search

Најголемите британски аеродроми бараат помош од Џонсон

Најголемите аеродроми во Велика Британија, Хитроу и Гетвик, побараа од британскиот премиер Борис Џонсон, согласно некоја од владините поддршки за воздухопловната индустрија, да се вклучи помош за аеродромите, кои мораат да бидат целосно затворени поради мерките за борба против коронавирусот,

Се очекува британската Влада да претстави спасувачки пакет за компании, како што се авиокомпаниите и ноќните клубови, на кои им се заканува колапс поради епидемијата на Ковид-19.

Група шефови на аеродромите наведуваат во писмото испратено до Џонсон дека врз нивните компании најмногу влијае кусокот на летови и поради тоа може да се случи губење на работните места. Тие бараат да им се даде поддршка и да им се овозможи средба со министерот за транспорт.

Писмото е потпишано од директорите на аеродромите Хитроу, Гетвик и Манчестер. 

Треба да знаете
Последни објави