Search

Администрацијата со план од 850 милијарди долари за спас на американската економија

Администрацијата на претседателт Доналд Трамп планира да побара 850 милијарди долари за спас на амриканската економија од можната рецесија, објави „Њујорк тајмс”.

Поради ширењето на коронавирусот во земјата се затвараат компании како ресторани и други услужни и трговски бизниси, изведувачите, вработените на договор или привремните работници се праќаат дома, додека поради забраната за патувања, авиокомпаниите се соочени со огромни загуби. Дел од тие средства, или 50 милијарди долари, ќе бидат наменети за спас од банкрот на американските авиокомпании, дознава весникот.

Министерот за финансии, Стивен Мнучин, треба да го претстави планот денеска на седница со американските сенатори. Некои не го поддржуваат минатонеделниот пакет на мерки за борба со ширењето на коронавирусот, чиј главна карактеристика е кратење на данокот на доход.

Ширењето на вирусот може да ја успори економијата на САД. Според експертите, нагло намалување на економијата се очекува во втората половина на 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави