Словенечките комунални служби реагираат до граѓаните да не ги фрлаат заштитните маски и ракавиците со другиот отпад

Масовната употребна на заштитни маски и ракавици со цел спречување на ширањето на коронавирусот претставува опасност за словенечките комунални служби.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, вработените од комуналното претпријатие Суровина од Марибор се првите кој официјално реагираа до граѓаните, со апел да не ги фрлаат маските и ракавиците со другиот отпад, бидејќи тие се опасност за вработените и можат да бидат причина за ширање на коронавирусот.

– Строго апелираме, да ги почитувате правилата и препораките за одложување на отпад – пишува во соопштението од мариборското комунално претпријатие.

Реакциите и маските треба да се складираат одделно, како опасен отпад и да не се мешаат со другите отпадоци. Нашите служби ќе ги подигнат одделно и безбедно ќе ги складираат, информираат од Суровина

Треба да знаете
Последни објави