Преку видео повик денеска средба Мицотакис – Ципрас

За практично да се поддржи пораката до граѓаните „Остануваме дома”, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас, преку видео повик, попладнево ќе остварат средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Првично, средбата, предвидено беше да се одржи во грчкиот Парламент, но подоцна, токму за да се испрати пораката до граѓаните да останат дома, Мицотакис и Ципрас се договорија, за последните случувања околу коронавирусот, да разговараат преку видео повик.

Средбата доаѓа по иницијатива на поранешниот премиер Алексис Ципрас. Кампањата „Остануваме дома”, на грчката владата ја поддржаа и од опозициската СИРИЗА

Треба да знаете
Последни објави