Search

Oпштина Бутел со мобилен тим ќе врши достава на лекови и намирници до своите граѓани

Општина Бутел во однос на мерки за заштита и превенција од КОВИД-19 формираше мобилен тим кои ќе врши достава на лекови и намирници за возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести за жители на територија на Општина Бутел.
Секој граѓанин  од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени производи и средстава за хигиена,  со цел да не се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може да телефонира на следниот телефонски број : 075/249-314 од 08:30 до 16:30 часот, вклучително и викенди.
Нашиот мобилен тим, ќе ги почитува сите мерки на претпазливост, и ќе допре до секој дом каде што е неопходна поддршка за обезбедување на основните намирници.
“Ова е време во кое треба да бидеме одговорни и да останеме дома”
Треба да знаете
Последни објави