Search

УЕФА разгледува верзија за „Фајнал фор” во ЛШ

Покрај прашалниците околу завршувањето на индивидуалните фудбалски првенства во различните држави, има нејаснотии околу трофејот во Лигата на шампионите. Европската фудбалска централа е критикувана за одложената одлука за одложување на меѓународните клупски натпревари.

Во Лигата на шампионите се одиграа четири реванш дуели од осминафиналето, а останатите четири чекаат нови датуми. Се очекува УЕФА да одлучува за Европското првенство и Лигата на шампионите во вторник. Една опција е полуфиналињата и финалињата да се играат во рок од три до четири дена на ист стадион. Финалето е закажано за Истанбул на 30 мај, но може да се одложи доколку е потребно.

Идејата е двете полуфиналиња исто да се играат во Истанбул – без реванш. Сепак, од УЕФА прво мора да решат како да се заврши 1/8-финалето, а потоа да го одржи 1/4-финалето.

Битките на најдобрите осум можат да бидат и без реванши.

Интересно е да се види дали Европското првенство ќе биде одложено во вторник и кога – за декември или следната година.

Треба да знаете
Последни објави