Search

Се мобилизира целиот медицински персонал, респиратори има доволно

Министерот Венко Филипче денеска истакна дека е донесена одлука да се мобилизира целиот медицински персонал, во насока на справување со корона вирусот.Околку информациите објавени во дел од медиумите,Филипче рече дека во овие моменти имаме околу 120 респираторни машини, од кои околу 90 се во Скопје.

-Целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, ги мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување во установите каде што ќе биде потребно, рече Филипче, кој се заблагодари на приватните болници кои на располагање ги понудиле своите капацитети.

Тој истакна дека во насока на превенција, Клиниките нема да ги оддржуваат своите утрински стручни колегиуми, а се одложуваат и сите интервенции кои може да се одложат.

– Се одложуваат сите хронични пациенти, на кои може да се одложи интервенцијата. Се третираат само итните и малигни случаи каде што нема простор за одложување, изјави Филипче.

Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар што во следниот час ќе се упати таму и ќе ја организира работата со петте пациенти кои се таму и дополнително ќе ја организира работата на тимот што е веќе таму.

Детската клиника во Козле, посочи Филипче, ќе се подготви за примање на деца евентуално заболени од коронавирус.

– Сите сега хоспитализирани пациенти ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за педијатрија со цел децата да бидат изолирани од возрасните и другите деца кои се лечат од друга патологија, изјави Филипче.

Треба да знаете
Последни објави