Search

Негативни на коронавирус седумте пациенти кои денеска се тестираа

Резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип.

– Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави