Search

И вториот тест на лицето од Кочани негативен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека и вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот.

И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, тестирањето беше повторено. Сите седум лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата.

Министерството за здравство информира и дека професорот д-р. од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите- епидемиологот и двајцата инфектолози кои се веќе таму.

Треба да знаете
Последни објави