Search

И во новиот мандат СДСМ ќе ги враќа парите кај граѓаните, лимитот на МојДДВ расте на 2 300 денари

СДСМ е одговорна и европска партија, промотор на концептот „парите назад кај граѓаните”. Ние сме партија која ветува и остварува. Тоа го покажавме со многу преземени мерки кои имаат видливи резултати во правец на поквалитетен живот на граѓаните.
Владата предводена од СДСМ ја укина радиодифузната такса, воведе евтина тарифа на струјата, со што домаќинствата имаат пониски сметки за електирчна енергија, односно со воведување на оваа мерка 11 милиони евра останаа кај граѓаните.
Затоа што сме и граѓанска партија и делуваме во интерес на народот, го слушнавме нивниот глас и ги намаливме трошоците за катастар, за адвокатски, нотарски и извршителски услуги, а драстично се намалени и паричните казни.
Преку проектот МојДДВ кај граѓаните се вратени околу 8,5 милиони евра. Но, ние можеме уште повеќе и уште подобро.
Овој успешен проект го продолжуваме и во новиот мандат и ќе го зголемиме лимитот по поединец на 2 300 денари за едно тромесечие или секој одделно ќе може да напраи поврат на ДДВ во износ од 9 200 денари годишно, односно износ од 36 800 денари за просечно четиричлено семејство.
Во новиот мандат нудиме предвидливо деловно опкружување. До 2023 година Владата предводена од СДСМ, персоналниот данок во ИТ индустријата ќе го намали до 0% и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023.
Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 20-24 година, но остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот.
Ќе направиме реконфигурација на ДДВ преку воведување на единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги, намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, подигнување на прагот за плаќање ДДВ од два милиона на три милиони денари годишен промет од 1 јануари 2022 година и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до три милиони денари годишен промет.
СДСМ продолжува да овозможува достоинствен живот за сите граѓани. Како што започнавме така и продожуваме по 12-ти април. Затоа што ние можеме. Уште повеќе, уште подобро.
Треба да знаете
Последни објави