Search

Град Скопје: Шалтерите во ,,Барака 16″ со скратено работно време

Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од утре 16.03.2020 година, понеделник ќе работи со променето работно време.

Така, шалтерите за даночни прашања ќе работат со скратено работно време, од 10 до 12 часот, каде едниот шалтер ќе работи за прием на документи, додека вториот за издавање на документи.Дополнително, архивата на Град Скопје ќе работи до 16:00 часот.

Скратеното работно време ќе важи до наредните препораки од надлежните институции.

Треба да знаете
Последни објави