Search

Во Кина патниците од меѓународни летови одат во карантин, Австрија го прекинува воздушниот сообраќај со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија

Властите во Пекинг ќе ги испратат сите патници кои пристигнуваат со меѓународни летови во кинескиот главен град во карантин-капацитети почнувајќи од понеделник, објавија денеска државните медиуми, во момент кога Кина ги зајакнува мерките против увезените случаи на коронавирус.

Луѓето кои пристигнуваат од странство со авион претходно им било дозволено да поминат задолжителен двонеделен карантин во домашни услови, но сега само оние со „специјални околности” ќе бидат ослободени од испраќање во објекти каде што мораат да платат за престојот, објави денеска локалниот весник Пекинг Дејли. Сите меѓународни летови кон вториот аеродром Даксинг во главниот град сега се пренасочени на постариот аеродром во главниот град на Пекинг, каде сите што пристигнале ќе бидат анализирани и следени, јави Синхуа.

Истовремено Австрија ги прекинува воздушни врски со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија во напорите да се прекине ширењето на новиот коронавирус. Тоа го соопшти денеска канцеларот Себастијан Курц.

– За да се запре потанамошно внесување на вирусот од странство, ќе бидат заострени правилата за влез во нашата држава. Се забранува влегување на туристи од Британија, Холандија, Русија и од Украина. Со тие држави се запираат и воздушните врски, изјави Курц.

Изјавата беше дадена по седница на Националниот совет на Австрија.

Треба да знаете
Последни објави