Search

Во Иран за еден ден починаа 113 лица од коронавирусот

Во изминатите 24 часа од последици на коронавирусот во Иран починале 113 лица.

Со тоа, бројот на смртни случаи во земјата се зголеми на 724 луѓе, напиша на Твитер советникот на иранскиот министер за здравство, Алиреза Вахабзаде.

Во Иран досега од Ковид-19 се заразени над 14.000 лица.

За да се спречи ширењето на вирусот во Иран, една од земјите со најголем број заразени, официјалните лица го повикаа населението да ги одложат патувањата доколку не им се неопходни и да останат дома. Вирусот зарази многу високи функционери, политичари, лекари, елитни команданти на револуционерната гарда и свештеници. Неколкумина, меѓу кои и советникот на министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, починале од оваа болест, јавуваат државните медиуми.

Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Јаханпур, изјави за државната телевизија дека во меѓувреме , 4590 луѓе се опоравиле од болеста.

Треба да знаете
Последни објави