Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ можат уште повеќе и подобро да лажат дека ќе го реформираат судството

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Соња Мираковска

Единствената слобода што ја носи СДСМ е за рекет, за криминал и штитење на фамилијарните бизниси на Заеви. Кога СДСМ  збори за корумпирани судии, веројатно мисли на оние коишто се под палката на Заев. Заев и СДСМ единствено што можат е уште повеќе и уште подобро да лажат дека ќе го реформираат судството. Јавноста се сеќава дека Заев сам се прогласи за главен реформатор на судството, а до сега по примерот на Јанева, Русковска и Јовески видовме колку правосудниот систем е реформиран.

Правдата ќе биде достижна кога СДСМ ќе ги тргне рацете од судството, кога ќе има одговорност за корумпираноста и обвиненијата по нарачка. На СДСМ треба да им е јасно дека никој не заборави како Заев дојде на власт со исти лажни ветувања, па по примерот за случајот „Монструм“, видовме како бескрупулозно се лаже и се манипулираат и граѓаните и правосудниот систем.

Попусти се ветувањата на СДСМ за правда, кога видовме трас-трас судството на Заев како функционираше изминативе неколку години. СДСМ  не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.

 

Треба да знаете
Последни објави