Search

Важна информација за патниците на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид

Важна информација за патниците на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена вечерва на 14.3.2020, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, сакаме да Ве информираме дека ТАВ Македонија одлучи да го затвориАеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.

Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.

За информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

Виена – 7 часот и 50 минути -Визер

Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс

Малме – 17 часот и 35 минути – Визер

Базел –  18 часот и 30 минути – Визер

ги замолуваме сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании.

Треба да знаете
Последни објави