Search

Австрија усвои закон за Ковид-19, фонд за помош на економијата од четири милијарди евра

Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со коронавирусот.

Законот овозможува голем број ограничувања во јавниот живот, а содржи и помош за економијата.

Со документот се создаваат правни основи за затворање на јавни места, како што се детски игралишта, се овозможуваат рестрикции во трговијата и гастрономијата.

За економијата е предвиден фонд за помош во вредност од четири милијарди евра.

Законот мора да биде потпишан од претседателот на државата и објавен во службен весник за да може од утре да стапи во сила.

Треба да знаете
Последни објави