Регистрирани 38 нови случаи на коронавирусот во Грција, вкупно 228

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани, 38 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на потврдени случаи достигна до 228, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, хоспитализирани се 57 лица, пет се приклучени на апарати, а осум се пуштени дома.

Од потврдените случаи, 51 процент се лица над 65 години.

Рано утрово, бројот на жртви од коронавирсуот во Грција, се искачи на три лица, откако починаа двајца мажи, едниот 67-годишен, на островот Закинтос, а другиот 90-годишен во градот Птолемаида.

Треба да знаете
Последни објави