Скопјанец се истепал со кичевец по сообраќајка кај Кичево

Скопјанец се истепал со кичевец по сообраќајка, утрово кај Кичево, информираше МВР.

-На 14.03.2020 околу 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај кружниот тек во близина на Железничката станица во Кичево, по претходно случена сообраќајна незгода, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(22) од Скопје и У.Д.(41) од с.Колари, кичевско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави