Search

Хрватите кои ќе се вратат од работа во Словенија ќе мораат да бидат во карантин

Сите Хрвати кои ќе отидат на работа во Словенија, по враќањето во земајта ќе мораат да бидат во 14- дневен карантин, јави дописникот на МИА.

Оваа одлика е со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, имајќи во предвид дека во Словенија е прогласена епидемија.

Неколку стотици Хрвати од Карловачката жупанија секојдневно патуваат на работа во Словенија, па затоа властите ги предупредија дека доколку се решат да заминат на работа, откако ќе се вратат веднаш ќе бидат сместени во карантин.

Градоначалникот на Карловац, соопшти дека ваквата одлука се носи по препорака на Националните штаб за цивилна заштита, за луѓе кои доаѓаат од високо ризични подрачја.

Инаку, до сега во Хрватска има вкупно 31 случај на лица заразено со новиот коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави