Словенија денеска добива нова влада

Словенечкото Собрание вечерва на специјална седница ќе ја гласа новата влада на Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана. Во текот на денот во соодветните собраниски комисии ќе бидат сослушани последните тројца кандидати за министри, со што ќе бидат исполните сите законски услови собранието да пристапи кон гласање за нова влада.

Сита кандидати, кои досега беа сослушани го поминаа „филтерот” на комисиите. Собраниската седница е закажана за 18 часот, а претпоставките се дека Јанша нема да има проблем да обезбеди 48 гласа „за” и по трет пат седне на премиерското место.

Треба да знаете
Последни објави