Search

На Кипар потврдени вкупно 14 позитивни случаи на коронавирус

Министерството за здравство на Кипар, утрово соопшти дека се потврдени четири нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени, изнесува 14, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци, тројца од потврдените случаи се вратиле од Грција, двајца од Италија, четворица од Велика Британија, еден од Германија, за две лица има потврда дека биле во контакт со заразени лица, а за двајца нема конкретни информации како се инфицирале со Ковид-19.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, преку неговиот „Твитер” профил, утрово соопшти дека имал телефонски разговор со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи и станало збор за ситуацијата со коронавирусот на Кипар и се договориле дополнително да се зајакне меѓусебното информирање.

Треба да знаете
Последни објави