Search

Грција: Граѓаните со лесни симптоми на коронавирусот да не ги посетуваат болниците

– Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), денеска упати апел до граѓаните „кои не припаѓаат на ранливите групи и имаат лесни симптоми на коронавирусот да не ги посетуваат државните болници за да се тестираат, бидејќи постои ризик од пренесување на болеста на ранливите групи”, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Грчката организација за јавно здравје, соопштуваат дека приоритет се дава на граѓаните кои имаат тешка респираторна болест и на постарите лица со хронични проблеми.

– Најефективната мерка за ограничување на епидемијата е домашна изолација при појава на вирусни симптоми кај луѓето кои припаѓаат во ранливата група.

Треба да се нагласи дека оние кои имаат благи симптоми или кои бараат општи информации за новиот коронавирус не треба да се јават во ЕОДИ, туку да се консултираат со нивниот матичен лекар, соопштуваат од организација за јавно здравје на Грција.

Треба да знаете
Последни објави