Во Албанија од коронавирус досега заразени 33 лица

Во Албанија се зголемува бројот на заразени од коронаврус, бидејќи во последните 24 часа регистрирани се нови 10 случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 33 лица.

Еден од новозаразените е доктор од болницата во Драч, каде беше хоспитализирана сега почината жена.

Од појавата на вирусот направени се вкупно 457 тестирања, од нив само во изминатите 24 часа дури 159.

-Од вкупниот заразени 19 се во Тирана, пет во Драч, четири во Фиер, по два во Елбасан и Рогожина и еден во Љушља. Во домашна изолација се 117 лица, информираа од Министерството за здравство.

Поради забраната за меѓуградски сообраќај, движење на приватни возила и препораката граѓаните да не излегуваат од домовите, градовите се празни.

Треба да знаете
Последни објави