Search

Албанија го затвори граничниот премин со Црна Гора

Албанија го затвори граничниот премин со Црна Гора кај Сукобин-Муриќани, рече Веско Дамјановиќ, помошник-директор на Секторот за гранична полиција. Граничниот премин е затворен за моторни возила, додека на пешаците им е дозволено да поминуваат, изјави Дамјановиќ за ТВ Подгорица.

Дамјановиќ рече дека преминот е затворен засега на 72 часа.

Србија ги затвори граничните премини Јабука кај Плевла и Годово кај Рожаја вчера, објави Авто-мото сојузот на Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави