Search

Царовска: Економијата е стабилна, дискутираме за олеснување на загубите во некои сектори

„Во однос на економијата, дневно се следи, и ако ги видите сите економски параметри во државата денес се и натпросечни резултатите коишто  ги имаме, приливите коишто државата ги очекува од економијата се стабилни, дури се надминуваат во дел од нив, што значи дека со паниката која сега ВМРО ДПМНЕ од здравствениот систем сака даја  пренесе кон економијата, навистина е непотребно. Во моментот, економскиот тим ги разработува сите економски мерки согласно параметрите коишто стојат во буџетот и параметрите коишто се од приливите кои ги добиваме во буџетот од економијата од една страна, но од друга страна во секојдневна комуникација со стопанските комори ги разгледуваме кои се можностите за интервенција.”- уверуви потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, во емисија на телевизија Алсат, додека зборуваше за тоа дека Владата гарантира економска стабилност во моментот и покрај кризата со корона вирусот.
Таа напомена дека мерките, како зголемувањето на минималната плата, се преземаат во координација со стопанските комори.
„Имаме одредени сектори чие учевство во БДП е многу ниско, но сепак во мерките ги вклучуваме тие сектори за да не се чувствуваат загрозени. Многу скоро тие мерки ќе бидат ставени на располагање. Дел од компаниите ќе ги искористат, дел од нив не, зависно дали во моментот се ликвидни, дали се чувствуваат загрозени или не. Секако дека хотелите во овој период во целиот свет, посебно во Европа ќе имаат одреден застој, ќе треба да повлечат одредени финансиски средства, да ги ослободиме, да одложиме плаќања на придонеси или плаќање на даноци, се е тоа во рамки на дневна дискусија и со стопанските комори и со стопанските ресори, за да не избрзаме со одредени одлуки, заради тоа што ако ситуацијата  се сведе на дневно ниво и само паушално се препорачуваат работи, тогаш ќе имаме мерки какви што имавме до пред три години. Нешто кое што ви изгледа навидум дека е корисно, но притоа не ги дава ефектите. Видовте дека и со субвенционирање на платите, ја дизајниравме мерката за да помогне на економијата, да исплати минимална плата и да не се осети затоа што ја креираме заедно со работодавачите и овие мерки се работат заедно со стопанските комори.”- анализираше Царовска.

 

Треба да знаете
Последни објави