Search

Тедрос ги повика земјите да ја удвојат борбата против новиот коронавирус

Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханон Гебрејесус денеска апелираше до земјите „двојно” да ја зголемат борбата против пандемијата на новиот коронавирус.

– Тоа што е опишано како пандемија не значи дека земјите треба да се откажат. Погрешна и опасна е идејата дека земјите треба да преминат од ограничување на ублажување, истакна Гебрејесус.

Тој додаде дека задржувањето на стратегијата за ограничување, земјите мора да воспостават добра рамнотежа помеѓу заштитата на здравјето, спречувањето на економско и социјално нарушување и почитување на човековите права.

Треба да знаете
Последни објави