Search

Ново рочиште за „Рекет”

Судењето против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, обвинети во предметот „Рекет”, денеска продолжува во Кривичниот суд во Скопје.

На минатото рочиште завршија исказите на сведоците предложени од страна на обвинетиот Јовановски и продолжи со презентација на материјални докази.

Воедно, за ова рочиште одбраната на обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева најави дека ќе ги предложи своите сведоци.

Треба да знаете
Последни објави