Search

Курц: Следната недела се очекува 10.000 лица да бидат заразени со новиот коронавирус во Австрија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека за една недела се очекува бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија да надмине 10.000 луѓе.

Тој во обраќањето пред Долниот дом на австрискиот Парламент наведе дека во моментот има над 300 инфицирани лица, а за неколку дена ќе биде надмината границата од илјада, а за една седмица ќе се искачи и над 10.000 лица.

Курц посочи дека Владата презела драстични мерки со цел врвот на инфекцијата со новиот коронавирус да се одложи за по сезоната на грип на тој начин да се спасат животите на повозрасните граѓани.

Австрискиот канцелар наведе дека е суспендирана наставата на универзитетите, во училиштата, но има и забрана за големи манифестации.

Треба да знаете
Последни објави