Во Србија поради коронавирусот хотелиерите загрозени, неостварен профит од два милиони евра

– Туризмот и авијацијата во Србија се најмногу погодени од епидемијата на новиот коронавирус, порачано е на конференцијата за влијанието на Ковид-19 врз работата на српската хотелска и ресторанска индустрија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, посочено е дека се загрозени голем број хотели, отпуштени се првите луѓе во хотелите, како и дека се откажани сите хотелски настани. Се проценува дека се откажан 8.765 ноќевања и 27.828 групни ноќевања, а неостварениот профит засега изнесува околу два милиони евра.

Хотелиерите решија да преземат одредени мерки, меѓу кои е и намалување на данокот на храна и пијалоци во хотелите од 20 на 10 проценти, како и да побараат директна помош за некои хотели.

Треба да знаете
Последни објави