Search

(Видео) Уапсени неколку лица поради уривањето на хотелот карантин во Кина

Кинеските власти уапсија неколку лица како дел од истрагата за уривањето на хотелот што се користел за карантин на коронавирусот, при што загинаа најмалку 28 лица.

Официјални лица вчера им рекоа на новинарите дека прелиминарната истрага покажала дека имало сериозни проблеми во конструкцијата, реновирањето, инспекцијата и дозволата за употреба на зградата на хотелот „Снџија“, јави кинеската новинска агенција „Синхуа“.

Хотелот во југоисточниот град Чангжу бил користен како карантин за лица за кои постоело сомнение дека имаат коронавирус, а се урна во саботата навечер.

Покрај 28 жртви, едно лице се уште се води за исчезнато, додека 42 преживеале.

Заменик-градоначалникот Хонг Зичанг изјави дека одговорните за несреќата се приведени, без дополнителни детали, објави „Синхуа“.

Треба да знаете
Последни објави