Пет нови случаи на коронавирус во Србија, вкупно 24 заболени

– Во Србија се регистрирани уште пет нови случаи на инфекција со коронавирус, така што вкупниот број заразени сега е 24, покажуваат најновите податоци на српското Министерство за здравство.

Според српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, од 25 тестирани случаи, пет биле позитивни.

Од тие пет, според Лончар, сите се во добра состојба, четворица се во домашна изолација, а еден пациент ќе остане на понатамошно лекување.

Тој порача дека е договорено сите производители на маски и средства за дезинфекција да работат во три смени и дека целата дистрибуција на производите ќе биде пласирана во Србија.

– Се очекува снабдувањето да се стабилизира од утре до понеделник. Не можеме да бидеме добро снабдени ако сме некоректни. Доколку купиме стотици маски и десетици литри средства за дезинфекција, тогаш не е реално да има за сите луѓе. Не создавајте паника и не го правете тоа. Ако вие земете се, тогаш нема да има за вашите соседи, изјави Лончар.

Треба да знаете
Последни објави